Мобилизирање на локалните кризни штабови за директна комуникација со луѓето и нивно убедување да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, наместо колетивни рестриктивни мерки. Ова е насоката на која ќе се практикува се почесто за намалување на ширењето на Ковид-19, истакна од тетовско Теарце, главниот координатор на кризните штабови на општините и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи.

Затоа сме тука да се дадат личните пораки – нема никој да може да контролира однесување на луѓе освен ако секој од нас биде свој полицаец, свој лекар за себе и за своето семејство, а заштитните мерки се лесни, нема полесни заштитни мерки од носење маски и миење раце. Ова е спас за сите други рестриктивни мерки, дали тоа е полициски час или карантин или други потешки мерки. Локалните лидери и да почнат да зборуват со луѓето за опасноста од вирусот, да ги отфрлат теориите на заговор за непостоење на вирусот и да работат со луѓето да се издржи уште малку, рече Османи.

Локалните авторитети се тие кои сега ќе имаат поголемо значење и поголема улога, смета Османи, наведувајќи го градоначалникот на Теарце, Исен Асани, кој имал смртен случај, но не дозволил групирање за изразување на сочувство.

Ако тој тоа го направил кога му починала сестрата, дава личен пример како да се однесуваат и другите. Локалните штабови ќе ги потсетуваат луѓето да не се собираат во домовите и самите да придонесат за намалување на ширењето на заразата, рече Османи.

Градоначалникот Асани кажа дека неговата сестра починала пред месец дена.

Знаејќи ги обичаите, да дојдат дома за сочувство, не го дозволив поради состојбата. За добро на семејството и за другите луѓе, мора секој така да прави така, затоа што ни се зголемија бројките на заразени со Ковид-19 во селата на нашата општина, рече Исен Асани, градоначалник на општина Теарце.

Општина Теарце досега има еден починат и девет излекувани од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.