Вистински скандал предизвикал утринава градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, откако наредил четири камиони полни со градежен шут, истиот да го истурат пред влезот на приватна компанија, јавува Инфомакс. Голготата на сопствениците започнала кога сопственикот на компанијата за технички преглед „Автовозач ФЕР“ од Делчево го пријавил шерифското однесување на шефот на локалната власт во Комисијата за спречување на корупција.

Како одмазда за пријавата, градоначалникот влегол во улога на шериф, па започнал да му се заканува на сопственикот. Неколку дена подоцна, утринава, пред влезот на компанијата тој без уредна наредба, повикал четири камиони на компанијата „Гранит“ да истурат градежен шут пред влезот во техничкиот преглед, со тоа попречувајќи ја работата на фирмата. Додека ова го правел, на сопствениците им посочил „сега ќе видиш кого пријавуваш во Антикорупциска“, пренесува Инфомакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.