Македонија го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за литература затоа што Никола Димитров е идиот. Вака градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ го коментираше потегот на македонската дипломатија, кој за многумина беше контроверзен.

Богдановиќ преку „Фејсбук“ на австрискиот книжевник Петер Хандке му ја честиташе наградата, а потоа во неколку коментари ја оцени наредбата на Димитров до амбасадорот на Македонија во Шведска да не присуствува на свечената церемонија како идиотска.

Македонија им се приклучи на Албанија, БиХ, Хрватска, Косово и Турција, кои го бојкотираа доделувањето на Нобеловата награда. Гневот кај Албанците го навлече поради тоа што отворено го критикуваше бомбардирањето на НАТО на Србија како и пропагандата на Западот да ја направи единствен виновник за војните на Косово, Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Тој среде најголемите санкции на Србија во деведесеттите години реши да го посети Белград.

Знаев дека е невозможно само една страна, еден народ да биде виновен за се – изјави своевремено Ханке.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.