Политичкапартија обвинува дека градоначалникот на една општина во источна Македонија ја премименувал детската градинка „Рахилка Гонева” во „СРЦКО”.

„Името го добива по семејната фирма во ликвидација, Друштво за трговија и услуги „СРЦКО” ДОЕЛ Велес, во сопственост на градоначалникот, чиј управител била неговата сопруга.

Ако средствата за изградба се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и детската градинка не е во негова приватна сопственост, тогаш градоначалникот со кое право ја именува по сопствената фирма? И кој му дава за право да постави ваква порака и негова метарска слика внатре?!

Само „демократот” Ким Јонг Ун до моментов има поставено свои слики во сите државни објекти! Сега има НАСЛЕДНИК“, 0бвинува функционер на една политичка партија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.