Двајца градоначалници од владејачката СДСМ со двојни функции. Првиот човек на Бутел Велимир Смилевски е и член на Управниот одбор на Градски трговски центар АД. Член на Управен удбор на Јавното претпријатие Студенчица- Кичево е првиот човек на Ресен, Живко Гошаревски. За овие случаи Антикорупциска отвори постапки за констатиран судир на интереси.

Овој пат е утврдена листа на лица кои извршуваат две или повеќе функции во исто време. Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен и истовремено член на Управен Одбор на ЈП Студенчица од Кичево. Велимир Смилевски, градоначалник на Општина Бутел и член на Управен одбор на ГТЦ АД, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Покрај двајцата градоначалници Антикорупциска отвори постапки и за уште 16 лица кои извршуваат две функции во исто време.

Ивановска денеска соопшти дека ќе проверува и имотот на тројца поранешни функционери – Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Илија Исајловски, како и на уште пет судии.

По допрен глас ќе ја испитуваме имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски. По добиени сознанија од Извештајот за човекови права за 2018 година за Република Македонија за злоупотреби и коруптивни дејства на поединечно наведени судии, Комисијата заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови, изјави Ивановска.

Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе следи чешлање на имотната состојба на сите актуелни и поранешни министри, пратеници, директори, заменици директори на јавни и државни претпријатија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.