Граѓаните во Македонија не се задоволни од работата на градоначалниците во општините каде живееат, покаѓува последната анкета на ИРИ. Според резултатите од спроведената анкета граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.

Најновото национално истражување во Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека 53 проценти од испитаните граѓани на прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

Најновото национално истражување во Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува загриженост во врска со темпото на пристапување кон Европската унија и ги идентификува невработеноста и КОВИД-19/достапност на вакцини како два најголеми проблеми во земјата.

Ова национално репрезентативно истражување беше спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците беа собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Националниот примерок се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе и беше дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини.

Невработеноста и недостапноста на вакцини најголеми проблеми за граѓаните – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.