Градоначалничката на Арачиново, Меликие Халими објави на Фејсбук дека е позитивна на Ковид 19, заедно со својот сопруг.

И покрај строго почитување на мерките и минималните контакти со луже, сакам да ве инфорирам дека јас заедно со сопругот резултиравме позитивни на тестирањето на Ковид 19. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и можноста за заразата и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или баши блиски забалежете и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довела некого во незавидна позиција, напиша Халими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.