Пред 3 дена се отворија градинките, а веднаш се појавија 3 случаи на вработени заразени со коронавирус. Во првиот случај станува збор за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе

Од стана на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Вработената во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“Скопје, од 9 септември не одела на работа и немала контакт со деца.

Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13.09.2020 година не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.