Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека се е подготвено за отворање на градинките и дека на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, според него градинките се подготвени и може да почнат со работа и во септември.

Уште пред неколку месеци ги разработивме новите протоколи за градинките во таа смисла со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите сметам дека е безбедно отворањето на градинките, датумот за нивно отворање ќе биде одлучен на владина седница, лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.

Протоколите во градинките се задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите. Од Министерството за труд и социјална политика за Република одговорија дека во една група би имало 15 деца.

Министерството за труд и социјална политика како надлежно во делот на политиките за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и Комисијата за заразни болести подготвија Протокол за активностите во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба и истиот беше усвоен од Владата на 29.05.2020 година. Согласно Протоколот,  воспитните групи за деца до 2 годишна возраст треба да имаат по максимум 6 деца и групите за децата од 3 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца, велат од МТСП за Република.

За основците и средношколците школската година ќе почне на први октомври. Најмладите од прво до третто оделение дел ќе одат на училиште , а останатите ќе учат он – лајн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.