Почнува со работа градинката „Рахилка Гонева“ Клон 1, која на 9 септември не ги отвори вратите за 110 дечиња.

Градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски вели дека се е подготвено да старува и овој објект и тоа од утре.

Ги известуваме родителите чии деца треба да бидат згрижени во детската градинка „Рахилка Гонева“ Клон 1, дека од 21 септември, понеделник, градинката е подготвена за прием на дечињата. Преземени се сите неопходни мерки и активности согласно Протоколот за работа на градинката утврден од страна на Министерството за труд и социјална политика за безбедно згрижување на нашите најмили – вели Велковски.

Овој објект не беше пуштен, бидејќи вработена најпрвин имаше симптоми, а потоа и тестот потврди дека е заразена со коронавирусот. Велковски вели дека здравствената состојба и е добра, а нејзините колешки кои беа ставени во изолација немаат никакви симптоми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.