Софија Куновска го обајви говорот на Панко Брашнаров на првото Заседание на АСНОМ.

„Другарки и другари народни претставители,

 

Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчињски“ и на овој историски ден – ИЛИНДЕН – кога објавуваме да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнета со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

 

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци – на Гоце Делчев и денешните Илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна, обединета Македонија.

 

Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија.

 

Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателнсот (при помен на жертвите одава се минутн молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија!

 

Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена – 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденскат народна епопеја и Крушовската Република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жеждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска Република. Но, разјарениот башибозлук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија – Крушовската Република, го потушија востанието и го стегнала искрвавениот македонски народ во ново ропство.

 

Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество – фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечество и да го оствари својот вековен национален идеал.

 

И ете, како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крв и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава, во која се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот, каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни броби.

 

Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива Федеративна, Демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!“

 

(АСНОМ, Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, архив на Македонија, том1, книга 1, Скопје, 1984, стр. 105, 107, 108, 109).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.