Посакувам почит, радост и безбедност и чест по нашите улици. Да има благосостојба. Го замолувам секој граѓанин да покаже лојалност кон државата, а од државата да очекува пристоен живот. Ви ветувам сонот на секој граѓанин во овој пат до конечен триумф, е да ги гледа своите луѓе среќни. Но, луѓето стануваат се поразочарани бидејќи гледаат дека оваа власт не може да им понуди поквалитетен живот. Доста е веќе, немаме време да ве чекаме. Веднаш да заминете, а првиот знак ќе бидат претседателските избори – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест против политиките на актуелната власт.
Тој посочи дека челници од власта секој ден влијаат врз луѓето дека прават нешто со тоа што нарачуваат вести.
Го узурпираат јавниот простор, ќе сретенете армадила на гласноговорници кои се платени со народни пари кои ќе ве убедуваат дека поразот не е пораз, туку триумф, ќе плукаа по мене и по опозицијата. А, не гледаат дека народот си оди. Ме оцрнуваат мене, а слепи се на сите тендери кои се местат. И додека тоа се случува без ронка срам, без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ нема никогаш тоа да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот. Тргнавте да го прекрстите нашиот народ и тоа не ви беше доволно, па го крстивте нација со комплекси. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство и ти ветувам дека јавно ќе се извиниш – истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.