Жалосно е и јадно како владеачката структура се фали со заложништвото на 33 милиони евра на граѓаните (даночните обврзници), и тоа во момените кога сме погодени од најголемата криза, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за црната кампања против него од страна на СДСМ.

„Господа“ од СДСМ, не сте ме победиле или поразиле мене, не сте земале лично мои пари, туку од оние на кои во моментов им се најпотребни! На Македонските граѓани.
Се фалите со одземањето од сиромашните. Заради вас и расфрлањето кон богаташите блиски на Власта, денес има 500 000 македонски граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата. И уште отворено се исмевате со оние кои пробуваат ова да го спречат!
Како што еден од вас веќе рече: „Срамота е луѓе!“ И треба да ви биде, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.