Поранешниот гувернер во Народната банка, Петар Гошев и некогашен прв човек на СКМ-ПДП, смета дека СДСМ, како партија треба да го одбрани Стојко Пауновски, но само ако е вистинска партија, а не акционерско друштво со еден акционер од 98 проценти.

Таа иста партија пред скоро две години не го одбрани министерот за финансии заменувајќи го со срамно решение во споредба со него. Тој министер не беше бранет и од овој функионер што сега е на ред да биде жртва. Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетици што доброволно прифатиле чифлигарство, изјави Гошев за ИРЛ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.