Горjан Тозија, директорот на Агенцијата за филм ќе поднесе оставка, објави „Локално.мк“.

Ова доаѓа по навредливите изјави за Република Хрватска, кој Тозија ги објавуваше на социјалните мрежи.

По тој повод реагираше и хрватското министерство со соопштение во кое се вели дека за ова амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажала на претставници на македонската влада на неприфатливите изјави на Тозија.

Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави, кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на С. Македонија. Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави, кои несомнено заслужуваат секаква осуда – се вели во соопштението на МНР на Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.