Пожар веќе втор ден беснее над Кокино, Општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово. Зафатена е борова, дабова нискостеблеста шума, поголема површина.

Како што објави Противпожарната станица во Куманово на својот Фејсбук профил, пожар го зафати локалитетот Кокино и блиското село Степанце.

Нивни екипи се на терен, но силниот ветер им ја отежнува работата на пожарникарите. Пожарот го гасат и екипи на шумско стопанство, но и мештани.

Евакуирани се и жители на неколку куќи од Кокино. Пожарот го гасат екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане, Куманово и помош имаат од воздух од армиски хеликоптер-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.