Откако на 8 септември изгоре модуларната болница во Тетово, никако да се слушнат и видат детали од истрагата, затоа пожарот го вклучи алармот кај надлежните на другите јавни здравствени институции.

На почеток на корона кризата минатата година во март започна и реновирање на хируршки клиники. Иако е помината година и половина никој до сега не реагирал ниту проверил што е направено. Но, откако се случи пожарот и изгоре модуларната болница во Тетово, на клиниките во рамки на клиничкиот центар во Скопје се направи увид. По истиот на 14 септември или за речиси од помалку од недела дена од пожарот во Тетово упатен е допис до надлежните на хируршки клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза во Скопје. При реновирањето што се правело на овие клиники минатата година против пожарниот систем е вон употреба, односно биле пресечени каблите.

Преку Дописот испратен од Заедничките служби до Клиниките, надлежните на хирургија се известуваат дека „со реновирањето се нарушени сите безбедносни мерки“. Првиот човек на заедничките служби на Клинички, Меџит Асани ги извести дека по деттален преглед на ПП заштитата утврдено е дека стариот систем за дојава на пожар е вон употреба поради реновирање на Клиниките, односно дека се скинати сите кабли.

Практично со дописот од 14 септември кој е испратен од Заеднички служби на Клинички до надлежните на Хирургија се покажува дека да не беше случајот во Тетово можеби немало да бидат ниту известени.

Помина повеќе од година и пол од реновирањето и сега им текна да направат увид и да видат дека ПП системот не функционира. да не беше случајот во тетово немаше да проверат, немаше да знаеме, прашуваат вработени на Хируршките клиники.

По скоро три недели пак од трагедијата во Тетово, во која 14 пациенти загинаа во пожарот во модуларната болница, од истрагата нема никакви детали. Она што со сигурност може да се потврди е дека во објектот немало противпожарни апарти, нешто што се забележа веднаш бидејќи целата модуларна болница изгоре за три минути, а немаше со што некој да се обиде да го гасне пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.