Јас ќе се држам до својата програма без оглед на тоа кој ќе застане зад мене, а мојата програма почнува и завршува со правна држава, со владеење на правото, вели кандидатката за Претседател Гордана Силјановска Давкова. Дека е така, продолжува Силјановска Давкова, би сакала да напоменам покажува и текстот во еден од најпрестижните, најпочитуваните германски весници „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, со две главни прашања, дали заради Преспанскиот договор не дојде до употреба на инструментот поткуп, корупција, притисок и страв на пратениците и второ дали не дојде до судска амнестија. Амнестијата може да биде само парламентарна амнестија, она што во Македонија се случи беше судска амнестија. Или под поимот на амнестија всушност се изврши помилување врзано за поткуп за корупција и криминал. Тоа укажува дека моите предупредувања за начинот на кој што беше донесен Преспанскиот договор не се само мои лични ставови туку и ги делат врвни новинари и правници.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Вашиот противкандидат даде изјава во која рече дека не е толку чистката во СДСМ колку што е важно на граѓаните да им укаже доколку ве изберат Вас ќе се врати режимот во земјата.
Силјановска Давкова: Смешно, јас никогаш не сум била ни член на ВМРО-ДПМНЕ, ни советник на ВМРО-ДПМНЕ. Сум била сменета за времето на ВМРО-ДПМНЕ од Венецијанската Комисија. Сум била на спротивната страна при донесувањето на Законот за високо образование, значи тоа нема врска. Ама ако груевизмот на кој што тие укажуваат е модел на авторитаризам тогаш моделот го имаат внатре во пазувите на консензуалната демократија, ДУИ е некој што со децении беше со ВМРО-ДПМНЕ. Од „Титаник 3“ не видовме ништо што значи груевизмот како ако сакате ахметизмот и заевизмот се во пазувите на кандидатот што вели. Јас како некој кој што знае дека што се избори се разбира изјавив дека да сте најумни на светот вие не можете да победите ни во Америка, ни во Македонија сами. Со гласовите на граѓаните ви треба поддршка. Но јас таа поддршка воопшто не ја сметам за соединување дури ни на идеологијата туку напротив за отворање на простор за критика и за некој друг, и затоа мислам дека извинувањето на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за на што се случувало претходно и држи и мислам, и верувам дека тој е решен дури и моите критички опсервации да ги прифати за идните реформи во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.