Делегатите на денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски кандидат. Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби огромна поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

-Гласањето се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија, велат од партијата.

Силјановска Давкова ја совладаа емоциите.

Немам зборови. Ви благодарам, можеби доаѓа времето на жените, рече Силјановска на бината.

За Претседател на Република Македонија ќе се гласа на 21 април, а вториот круг ќе биде на 5 мај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.