Професорката Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија, на својот фејсбук профил се искажа за потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО.

Денешното потпишување на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО е резултат на долгогодишни напори на повеќе влади и бројни воени контингенти кои учествуваа во операциите на Алијансата.
Иако денешниот чин претставува исправање на неправдата којашто ни беше нанесена на самитот во Букурешт, сепак не смееме да заборавиме дека ова не е време за еуфорија. Цената која ја плативме и ќе ја плаќаме во иднина е висока. Една неправда е заменета со друга, а наградата ќе има смисла само доколку претставува чекор кон целосна европска интеграција, т.е. зачленување во ЕУ преку целосно исполнување на сите критериуми.
Пред нас е долг пат на реформи, кои мораат да започнат дома и да се имплементираат заради нас самите!, напиша Силјановска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.