Гордана Дувњак останува уредник на информативната програма, а Ацо Кабранов не е веќе главен и одговорен уредник на 1ТВ. Дувњак во изјава за „Фактор“ вели дека останува затоа што има заснован работен однос на неопредлено време, а Кабранов претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот.

Ова по последните случувања со апосењето и притворањето на неформалниот сопственик Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

Засега е познато дека на Ацо Кабранов, Јадранка Костова и Борјан Јовановски им се истечени хонорарните договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.