Гордана Димитриеска Кочоска, дополнителен заменик министер во Министерството за финансии поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на Државната изборна комисија, за издадени согласности за вработувања од Министерството за финансии, со кои се отпочнува постапка за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост.

Сметаме дека Државната изборна комисија неправедно утврди дека издадените согласности за вработувања од Министерството за финансии, со кои се отпочнува постапка за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост не преставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, а издавањето на согласностите преставува исклучива надлежност на министерот за финансии и дека не постоела можност да се примени одредбата за врзан (заеднички) потпис на одобрување согласно одредбата од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.

Државната изборна комисија не даде одговор на аргументите кои беа истакнати во барањето за донесување на одлука, според кои сметаме дека со издадените согласности за вработувања се одлучува за кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите, па според тоа Министерот за финансии беше должен истите да ги достави на потпис до дополнителниот заменик министер, но истото не го сторил со што извршил повреда на член 46, став 2, став 3 и став 4 од Законот за Владата на Република Македонија, стои во тужбата до Управен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.