Професорот по кривично право на правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев, по одредениот 30-дневен притвор за бизнисменот Јордан Камчев изрази сомнеж во начинот на неговото приведување.

Експертот тврди дека спорното е во тоа што тајна служба се занимава со нешто што не смее да е во нејзин делокруг на работа, а при тоа од процесот на апсење да е елиминирано јавното обвинителство.

“(Се) прашувам по кој правен основ тајната полиција АНБ се бави со осомничени за криминал?! И кој наредил приведување на Камчев без да има барање на ЈО?!”, напиша Калајџиев на социјалните мрежи.

Камчев доби 30-дневен притвор по дојава дека се подготвувал за бегство како осомничен за случајот „Плацови на Водно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.