Адвокатот Драган Пешевски пред почетокот на денешното рочиште за 27 април изјави дека неговите клиенти, обвинетите во случајот Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски ќе поднесат барање за амнестија.

Пешевски очекува Ангеловски и Цветановски да бидат амнестирани согласно Законот за амнестија. Тој ја пренесе пораката од двајцата обвинети дека е дојдено време за национално помирување.

Законот за амнестија кој на 18 овој месец беше донесен со 95 гласа „за“ ниту еден „против“ и ниту еден воздржан е веќе потпишан од страна на претседателот Ѓорге Иванов и вчера е објавен во Службен весник со што е и стапен на сила.

Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите. По поднесените барања судот по консултација со Јавното обвинителство ќе однесе одлука по истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.