Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.

Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен – вели Петковски.

Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови.

Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.