Кире Трајковски, Дејан Илиевски, Златко Серафимовски, Горан Трајковски, Томислав Јанкуловски – Албанец, Александар Мишковски и Стивен Коцев  – други нациналности, Влатко Калчиноски – Ром.

Предизборните вработувања ја продлабочуваат кризата во идентитетот, за кој по којзнае кој пат ни се потврди дека не само што не е бетон, туку е пена, која се разводнува под политички околности.

Придавката северно-, но и рамковните Албанец, Ром, други националности стануваат критериуми за вработување административни службеници, па така Кире, Златко, Томислав ќе сретнете дека се Албанци, а Влатко, на пример, Ром.

Иронијата да е поголема, административните Албанци и Роми ги носат најрепрезентативните македонски имиња од словенско потекло. Но, службата е нужда, а апсурдот е критериумот етнички клуч, кој се изигрува на најбанален начин. На законите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, според кој најмалку 21% до вработените во администрацијата и службите мора да бидат од малцинските етнички заедници им се удоволува токму на овој начин – Кире ќе се пише Албанец, Влатко Ром, а Митре Турчин.

Со последната одлука за вработување на пожарникари во Противпожарната бригада на Скопје, на 15 октомври 15.10.2019 година, во БППЗ Скопје се вработени вкупно 10 пожарникари, од кои шестмина Албанци, еден Македонец, еден Србин и двајца од друга националност. Вкупно 10 извршители на работното место „пожарникар-спасител“.

Претходно, Влатко и Toмислав се вработија како помлад соработник за правни работи, односно помлад соработник за јавни работи во јавната установа Специјализирана болница за геријатриска и полијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.