Пациентка, која имала непријатна ситуација во Клиничкиот центар јавно го прашува министерот за здравство Венко Филипче зошто нема невролог, дури ни за итни случаи, прераскажувајќи го своето искуство.

Господине Венко Филипче, сакам да ми објасните зошто на цел клинички центар немате невролог дури ни за итни случаеви? Дали треба пациентите во ходник да умираат?, пишува таа на Фејсбук.

Објаснува дека имала големи главоболки, висок крвен притисок и крварење од нос и била примена на Клиниката за кардиологоија, каде што и покрај терапијата која и била дадена, главоболките не престанувале. Кардиолозите и дале упат за неврологија, но таму не била прегледена.

Вчера со доста покачен притисок и крвавење од нос, со ненормални главоболки бев веднаш примена на кардиологија, докторите трчаа како луди да ми помогнат, но и покрај аплицираната терапија главоболките стануваа уште посилни што ме доведоа до степен на вриштење од болка. Од кардиологија беше веднаш издаден упат за неврологија( од задната страна каде што не е ковид центар).Со вриштење и огромни болки тропав таму кога од соседната страна една сестра кажа дека не прегледуваат во втора смена. Потоа добив упат за 8ми септември, каде што исто така “пољубив врата”, па драг министере бев приморна да одам во Систина каде што ги направија сите потребни испитувања, и каде што морав да платам 31.750 денари.
Па господине министере, сакам да ми кажете зошто се скршени моите законски права на здравствена заштита, само затоа што ‘Не правеле прегледи “, и кој мене ќе ми ги покрие трошоците кои бев приморана да ги направам а изнесуваат приближно 2 мои плати, и кој ќе им објасни на моите деца дека дека следните неколку месеци ќе бидат одвоени дури и од основните работи за живот поради сето тоа? пишува пациентката на социјалните мрежи.

Господине Венко Филипче , сакам да ми објасните зошто на цел клинички центар немате невролог дури ни за итни случаеви??…

Posted by Надица М. Трпевски on Thursday, 10 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.