Ова е една од оние книги, од деца за деца, без реклами што ти ја прекинуваат забавата на најинтересното, немаат батерија што се троши, може да се стопира, да паузираш, да ги враќаш најубавите моменти во неа колку што сакаш и повторно да ги читаш. Оваа творба е ваша, од вас, за вас, напиша премиерот во заминување Зоран Заев на промоцијата на сказната „Моето патување во Фантазија“

Книгата, што сега ја држите во вашите раце, ќе биде новогодишен подарок за децата од основните училишта во нашата земја, и прва книга што преку нашите училишни и градски библиотеки ќе ја испратиме во земјата Фантазија за да ја читаат сите што ќе ја посетат таа убава земја.

Оваа книга, како заеднички успех на сите деца што ги испратија своите творби да бидат објавени во неа, создаде нови јунаци и жители на Фантазија за кои ќе читаат нивните врсници и на тој начин Големиот црн змеј Ништо ќе биде победен засекогаш-наведува во обраќањето Заев.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.