ВМРО-ДПМНЕ започнува со протестни активности ширум Македонија. Првиот протестен марш надвор од Скопје е закажан за денеска во Кочани.

Опозицијата и граѓаните заедно во 15:00 часот ќего почнат маршот во Градскиот парк во Кочани.

На чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски протести ќе се одржуваат секоја среда во Скопје, додека за време на викендите се очекува жешка зима со масовни протести ширум државата, против промена на името, лошата економска состојба и како што вели опозицијата црнилата кои надвиснале над Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.