Голем шумски пожар распространет на површина од 60-тина хектари му се заканува на селото Ораовец во општина Чашка. Според командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски, гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева.

Во гасењето на пожарот учествуваат 40 луѓе, од противпожарните бригади на Велес и Чашка, како и вработени во ШС Бабуна. Претходно во гасењето на пожарот беа вклучени и хеликоптери од армијата, но поради ноќта, тие се повлекоа, изјавил за Сител, Командирот на велешката противпожарна единица, Љупчо Лепидовски за пожарот кој е активен веќе трет ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.