Околу 2.500 македонски државјани излегле од државата преку граничниот премин Табановце од полноќ до 11 часот, соопштија денеска од МВР.

Во периодот од 00:00 до 11:00 часот на 05.06.2021 на ГП Табановце влез оствариле 805 македонски државјани, а излез оствариле 2.449 македонски државјани. Во истиот период влез оствариле 2.468 странски државјани, а излез оствариле 794 странски државјани – соопштија од МВР.

Дел од граѓаните кои излегуваат од државата заминуваат за ревакцинација во соседна Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.