Пожарот во атарот на кочанските планински села Костин Дол и Ново Село сè уште не изгаснат, но веќе се става под контрола со поддршка од армиските хеликоптери. Ова е денешниот краток биланс по непроспаната ноќ на кочанчани, но и на цела Македонија која со загриженост ги слушаше вестите за битката со огнените јазици. Денес пожарот е ставен под контрола, а кај населението тлее големо незадоволство од слабата организација и немањето средства и ресурси во државните структури кои треба да реагираат во услови на криза.

Кочани и сите пожари во Македонија деновиве покажаа колку државните структури се неспремни да одговорат за вакви сериозни безбедносни предизвици. Граѓаните бараат одговорност. Преку видеа на социјалните мрежи повикуваат гласачите да ја казнат власта на следните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.