За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори.

За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево спротивната слика е за влез во земјата, што е за очекувано ако се очекува дека голем број на гласачи веќе го оствариле правото на глас.

Граѓаните со двојно државјанство можат да гласаат и во Македонија и во Косово Веќе е познато дека многу Албанци кои живеат во Македонија имаат државјанство и на Косово.

Заменик -претседателката на Државната изборна комисија во  Македонија, Дитмире Шеху во отвореното студио на ТВ21 објасни дека ова двојно право е овозможено без разлика на начинот на гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.