Гоце Делчев не носел кече, но покрај Манлихера, носел пенкало, затоа што бил и даскал. Со тоа пенкало ја менувал околината и се борел за Македонија, вели Игор Јанушев, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица 3, одговарајќи му на Али Ахмети кој вчера рече дека Делчев со кече на главата држел говори пред Албанците.

Уште се живи приказните во штипско Ново Село за неговиот живот, во секоја куќа во Делчево, Берово, Пехчево се зборува за особен пиетет за апостолот на борбата за слободна Македонија. Затоа што Гоце бил и ќе остане Македонија, најсилниот темел врз кој почива нашата слобода. Сега секој од вас со такво пенкало може да влијае на промена на реалноста а Македонија мора да се исправи, затоа што таа е наша единствена, објави Јанушев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.