Пет нови лифтови направени според современите ЕУ стандарди, од кои три болнички со носивост 1600 килограми и брзина на движење до 1,6 метри во секунда и два патнички се пуштени во употреба во Градската општа болница „8 Септември“.

Директорот на болницата, Христијан Костов, посочи дека лифтовите се со многу подобри карактеристики отколку старите, со поголем капацитет, со високо дигитализирана опрема која ќе пружи максимална услуга на сите пациенти кои гравитираат во болницата и на вработените во болницата.

Се надевам дека лифтовите ќе им служат на следните генерации минимум десет до 15 години. Тие се направени според современите ЕУ стандарди и ги имаат сите потребни сертификати за врвни лифтови – истакна д-р Костов и додаде дека вредноста на лифтовите е 20 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.