Од ГОБ „8 Септември” попладнево посочија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје” во Шутка, но велат, не му биле констатирани телесни повреди.

-Во Градската општа болница „8-ми Септември” Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8-ми Септември” апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.