Во Градската општа болница „8-ми Септември“ денеска е отворен новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца. Апаратите – две томографски магнетни резонанци и ултразвучен апарат се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со Aмбасадата на Република Италија.

Веќе во тек е обука на кадарот од обучувачи од Италија и за почеток се очекува дека фреквенцијата ќе биде по 15 пациенти дневно.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов изјави дека веќе имаат еден апарат за магнетна резонанца, на кој дневно се снимаат по 20 пациенти, а годишно околу 7.000 пациенти, а тоа, како што рече, е голема бројка за една установа.

Со овие две магненти резонанци, ќе дојде до растеретување на 50 отсто на веќе поставениот апарат и годишно ќе се зголеми борјот на пациенти до 8. 000 пациенти.

Кај нас сега нема големо чекање за снимање, се чека една до две недлеи. Функционираат приооритени упати, доаѓаат од цела држава. Персоналот им излегува во пресрет на приотритентите пацинети на кои им е потрбна брза дијагностика. Од новите апарати, едниот има можност за ротација, особено за оние кои се клаустрофобични, и е од отворен тип, прв во нашата држава и ќе биде од огромна полза, рече Костов.

На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали, како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Ковачевски потенцира дека со овие апарати ќе се зголеми бројот на пациенти кои ќе добиваат услуги на дневно ниво. Апаратите веднаш се ставаат во употреба.

Министерот за здравство посочи дека апаратите се набавени во рамки на поголема набавка на повеќе апарати во вкупна вредност од 1.1 милион евра, додека за двете магнетни резонанци сумата изнесува 754.168 евра и спроведена е во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со италијанската Амбасада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.