Бојан Јовановски од пред неколку дена повторно е во затворот во Шутка. Иако неговата здравствена состојба е лоша тој упорно се држи во Истражниот затвор. Таму нема никакви услови за нега по операзијата на желудникот но заслудни се барањата на неговите адвокати тој да биде во домашен притвор.

Тој речиси еден месец беше во Градската болница Св.Наум Охридски а од пред неколку дена е вратен во Шутка.

Вчера се одржа јавна седница во Апелација за барањето на одбраната, на Јовановски мерката ефективен притвор да биде заменета со домашен. Одлуката ќе биде соопштена за неколку дена , но како што велат од неговите адвокати не веруваат дека судот ќе се одважи и ќе ја промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.