Очигледно немајќи одговор за содржината на аудио-снимките кои беа објавени денеска и во кои лидерот на СДСМ признава како контролира невладини организации и обвинители, Зоран Заев во фејсбук објава се обиде да ги релативизира нештата, но не го демантира кажаното, напротив вели дека тоа е „афирмација на партиската политика“.

После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови, пишува Заев.

Постот е придружен со мноштво коментари од неговите поддржувачи со прекори кон споменатите. Но без разлика на тоа што станува збор за обид за „духовитост“ на Заев, негови сопартијци велат дека ова е еден од неговите методи за „наоѓање“ виновници кон кои треба да се сврти големото незадоволство во партијата, што е својствено, како што велат, за неговата одмаздољубивост.

Меѓутоа, она што е поважно е тоа што Заев воопшто не се оградува од вулгарноста упатена кон сопствениот народ, заканите кон одредеи лица и признанието дека ги контролира правосудството и невладините организации.

После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност,…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 9 May 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.