Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентитет, во јазикот кој го зборува, нема потреба да поднесува резолуции, реагира СДСМ откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека опозицијата во Собранието ќе поднесе резолуција со која ќе бидат дефинирани црвените линии во преговорите со Бугарија, велат од СДСМ

„Мицкоски е изгубен во своите блокади, нема доследен став и сè  што прави е против државните и националните интереси. Сè што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, тој до толку е изгубен во своите блокади што еден ден зборува едно друг ден друго. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од каква било расправа за тие прашања, особено не во македонското собрание“, наведува СДСМ во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.