Главната сестра и директорката на финансии на Клиниката за Гинекологија во Скопје немаат соодветни дипломи за нивните работни места, откри сега поранешниот економски директор Валон Бења во емисијата „Клик плус“.

Како е можно во една клиника со 500 вработени главната сестра да биде дипломиран фиолог тука ја имам нејзината диплома, ова е нејзината диплома по македонски јазик и литераутра, изјави Беља.

Беља додаде дека врз основа на законот и колективниот договор, ваквото вработување не е дозволено и е казниво согласно Членот 353 за злоупотреба на службена должност.

За министерот за здравство Венко Филипче,  Беља  е нетранспарентен и затоа е сменет, но сепак не даде одговор дали обвинувањата на поранешниот економски директор на Гинекологија ќе бидат истражени. Се произнесе и премиерот Зоран Заев, кој рече дека Беља зборува глупости, бидејќи како што вели, веќе ја добил пораката дека ќе биде опфатен со кадровските измени.

Беља беше разрешен од функцијата економски директор пред два дена, откако го крена гласот околу неправилностите кои се прават во клиниката, а кои, како што уверува, се резултат на директорката, Викторија Јовановска. Јовановска, пак, тврди дека Беља само да и го наруши угледот со ширење на измислици бидејќи не сакала да потпише решенија за вработување на тројца негови советници.

Беља и по разрешувањето од функцијата продолжи да открива документи за нерегуларностите кои се прават на клиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.