Главната борба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на маратонската лидерска средба што се одржа вчера во Собранието била барање спас од одговорноста за криминалите на власта, изјави на денешната прес-конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, до доцна во ноќта спроти тимот на ВМРО-ДПМНЕ седел очајник потопен во криминал кој се црвенее, бледее, се препотува само за да задржи контрола врз обвинителството.

Да може тој да контрилира и управува, наредува, затвора и заташкува слуачаи. Таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, но и за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет4“, но и сите останати случаи во кои има индиции за сторен криминал, како тендерит на Рашковски. 

Мицкоски рече дека лидерската средба се претворила во бојно поле на кое Заев води битка за бегање од своја одговорност, но и на своите од семејството и соработниците.

Да не се стигне ниту до Кирацовски ниту до Ременски и сите останати опфатени со сомнежи за силна криминализираност. Ете затоа нема договор. Затоа Зоран Заев сака озаконување на криминалот во своите редови, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.