„Очигледно моето доцнење покажува со какви инфраструктурни проекти се соочува Битола, но исто така покажува колку власта се сеќава да работи само пред избори. Гледаме дека цела Битола е раскопана сега предизборно дека сега практично не може да се влезе во градот, дека бројни улици се исто така раскопани и се прават инфраструктурни зафати, верувајќи дека на тој начин ќе убедат дел од луѓето да гласаат за нив, но во суштина револтот мислам дека ќе е многу поголем од она што го очекуваат и власта ќе биде казнета на овие избори“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при средба со граѓани во Битола.

Николоски додаде дека граѓаните многу добро се сеќаваат дека едно помошно црево беше единствената инвестиција во Битола, паралелно со една шаховска табла и неколку други на раб на смешни проекти кои што се промовираа изминативе четири години.

„И затоа не можат вакви инфраструктурни зафати да убедат никого, можат само да направат да сите ние доцниме на настаните кои што ги имаме“, рече Николоски.

Николоски ги повика граѓаните во недела масовно да излезат и да гласаат на избори.

„Ќе ми дозволите да ги повикам сите масовно да излезат во недела на избори, затоа што само со гласање се менуваат работите. Позната е онаа изрека дека добрите луѓе кои што остануваат дома ги бираат лошите политичари, и затоа јас ги повикувам добрите луѓе да излезат и да ги изберат добрите политичари“, истакна Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен тим, одличен кандидат за градоначалник на Битола, одлична советничка листа.

„Промените може да ги направат само ВМРО-ДПМНЕ. И затоа ги повикувам сите оние кои што се револтирани да излезат и да гласаат за Тони Коњановски. Затоа што глас за помали политички партии или останување дома е практично глас за Зоран Заев“, нагласи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.