Очајни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да го опструираат работењето на техничката Влада која треба да ги спроведе изборите, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Стравот на СДСМ и Оливер Спасовски е дотолку голем да свесно прават кривични дела и кривични прекршоци за кои после 12-ти април ќе мора да одговараат. Откако не им успеа лажната вест дека Наќе Чулев ќе си даде оставка од позицијата министер за внатрешни работи, вчера доцна вечерта, Владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев незаконски разрешува и поништува решенија за прераспределување на кадри во МВР, со што свесно вршат кривично дело фалсификат според член 361 од Кривичниот Законик на Република Македонија, вели Ѓорѓиевски.

Според него, срамно, очајно и противзаконски е Оливер Спасовски заедно со стручните служби од Владата, кои исто така подлежат на кривична одговорност, да вршат груб фалсификат на одлуки на седница на Владата.

Одлуката која е објавена во Службен Весник е сосема различна од онаа која што е усвоена на Влада. Фалсификатот, почитувани е казниво дело за кое што се лежи во затвор и се одговара. Очигледни се намерите на СДСМ и Оливер Спасовски да се спасат од целиот криминал кој што го имаат направено изминативе години. Криминалците Оливер Спасовски и Зоран Заев сакаат да се спасат од криминалот кој што го направиле, правејќи секојдневно нови криминали, додава Ѓорѓиевски.

Оваа техничка Влада која треба да овозможи миниум фер и демократски избори, за жал нема ниту миниум услови за работа и секојдневно трпи опструкции од остатоците на Зоран Заев и Оливер Спасовски, смета членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кои следат и секој кој што направил криминал и се огрешил пред законите во Република Македонија ќе одговара. Дојде крајот на криминалците Зоран Заев и Оливер Спасовски, подвлече Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.