Продолжува Фејсбук војната меѓу потпретседателката на Собранието и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз Фроеина Ременски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓоргиевски.

По прес-конференција на Ѓоргиевски Ременски му се закани преку социјалните мрежи дека допрва некој ќе жали за документите што биле изнесени од нејзиниот дом, а тој, пак, ја праша дали статусите ги пишува од телефоноте што ги „изгубила“.

Неговиот одговор Ременски го нарече „ранобудна неписмена реакција кој не вреди да се анализира“.

Ранобудна неписмена реакција кој не вреди да се анализира, но суфлерајот од квазиекспертите и “НАТО експертите” заборавиле да му кажат се, и за што друго ќе се интересираат претставниците на меѓународната заедница за брзо време. Нека ги праша можеби ќе му кажат.
Нека се расони и нека прочита некој закон повеќе пред да напише нешто “паметно”.
И нека не се секира воопшто, дали професорката што пријави криминал на многу нивни брифери ќе одговара или не.
Нека се секира како ќе објаснуваат дека, нивниот, опозициски собраниски надзор над безбедносните служби спие и слугува, додека професорката поднесува кривични пријави и поставува незгодни прашања.
Да не бидат многу изненадени за почеток нека смислуаат како ќе го (од)бранат лустрираниот што ги “спасува” и денес, а после ќе сакам да чујам како се брани шпионажа по НАТО стандарди.
И на крај, не “ја зборуваш вистината”, туку читаш напишани брифинзи од исплашени луѓе кои се закануваат преку твојата фрустрација.
Заканата не е стил на професор, туку на манипулатори и блефери.

До тогаш време е за паметни работи.

Ѓорѓиевски денеска ѝ возвраќа:

Госпоѓо Ременски, треба да си седнете на обвинителна клупа, што побргу. На осомничените криминалци местото им е во судница , а потоа и во казнено – поправна установа.

Лошо е доколку Македонија остане место каде што осомничени криминалци може да си тропаат и да се закануваат по социјалните мрежи наместо да одговараат за злоделата што ги направиле.

Колку побргу одговарате, толку подобро и за вас. Помалку ќе се фрустрирате. Заев не ви прави услуга со тоа што времено ве заштитува. Само се дозакопувате .

Искрено, не би сакал мое дете да студира кај професор, осомничен за криминал кој во очај се заканува по фејсбук. Тоа го мислат и вашите блиски и сопартијци, колку и да ви прават лице. На Фрики се знае каде и е местото . Не бива да се повикувате дека сте подвоена личност и да ја градите тезата за непресметливост преку апсурдните и непромислени постови на фејсбук.

Доктор Џекил и Мистер Хајд е новела на Роберт Луис Стивенсон, а откако е издадена поминаа 130 години. Сега некој да глуми подвоена личност “чесната професорка Ременски и рекетарката Фрики” не е ништо ново, ниту интересно.

Дај приберете се и кажете каде се двата телефони кои ви ги бараа од јавното обвинителство, а не ви ги најдоа ? Што имаше во нив ? Каква е улогата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска во случајот Рекет ? Ако ги чувате сокриени , време е да ги извадите . Зошто само вие да одговарате за криминалот?!

Патем, што вели дирекцијата за безбедност на класифицирани информции во однос на приватната архива што си ја правел Јовче Ременски ? По кои НАТО стандарди изнесувал класифицирани документи и ги чувал дома ?

Доста ѝ правите штети на Македонија. Заев може да брани криминал, но не може да го одбрани. На 12 април ќе почне обновата на Македонија, напиша на Фејсбук, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.