Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, испрати честитка по повод празникот Илинден.

„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.
Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.
Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.
Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.
Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.
Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.

Честит Илинден!
Вечна Македонија!“, напиша Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.