Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил одговори на прозивките од страна на Фросина Ременски.

Бидејќи сум јавно прозван од дотичната, кусо да и одговорам:

Од професор, преку технички министер и потпретседател на собрание па се до осомничен криминалец со мерки за обезбедување изречени од суд.
Ова е патот на Фросина Ременски и алчните, нереализирани ликови кои му веруваа и му слугуваа на Заев и надевајќи се дека исто како него ќе бидат заштитени и ќе минат неказнето.
Криминалот не се исплати, госпоѓо Ременски. Заев нема да ве заштити ниту вас, ниту вашиот сопруг. Заев гледа да се спаси себеси и најблиските. Може и ќе се обиде ама вие ќе одговарате.

Пред да ве прашам за материјалите, ќе ни кажете дали постирате статуси од мобилните што ги изгубивте пред да ве приведат? Што имаше на тие мобилни ? Иста ви е финтата како на Катица. Лош ви е советникот што ви кажува да се ослободувате од телефоните. 😀

Туку, ајде сега посериозно.
Како професорка ќе сакате ли да ни кажете по кој закон Јовче Ременски си изнесува класифицирани материјали и си ги чува дома?
Да не има некоја посебна НАТО процедура за семејство Ременски?

Воопшто не е наивна работата.
Меѓународни претставници и од земји членки на НАТО следат што се случува и се интересираат како ликови како Јовче Ременски може да работат во новата АНБ.
Веројатно сте свесни за штетата што ја нанесувате на Македонија.

Ќе си одговарате и со Русковска и без Русковска.

И на крајот, немојте да мислите дека со вашите закани некого ќе заплашите . Ниту ќе ме исплашите, ниту ќе ме спречите да ја кажувам вистината!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.