Вечерва во емисија „Што не е јасно“ гостуваше Ванчо Ѓоргиев – член на мешовитата комисија со Бугарија, кој посочи дека Гоце Делчев не е единственото прашање што ѝ пречи на Бугарија, има и друга низа прашања во однос на македонската историја.

Гоце Делчев не е единственото прашање, туку станува збор за една комплетна стратегија од страна на Бугарија во контекст на историското минато. Но, тоа не е само за историското минато туку тоа повлекува и сериозни политички импликации, истакна Ѓоргиев.

Ѓоргиев додаде дека Бугарија во македонската историја гледа закана.

Соседите, односно Бугарија, се обиде проблемот со Гоце Делчев да го претстави како европски спор, но не ѝ помина во ЕУ, рече Ѓоргиев.

Ѓоргиев посочи дека тој е граѓанин на државата Македонија, и секогаш ќе ги застапува интересите на Македонија.

Во комисијата не се преговара за идентитетот на Гоце Делчев, ниеден историчар во Македонија нема да потпише дека Делчев е Бугарин, рече, иато така, професорот и член на мешовитата комисија со Бугарија.

Ниту во нивните предлози немаат кажано дека Гоце Делчев е Бугарин оти знаат на што ќе наиде тоа, но во другите елементи се прекршуваат многу други копја , односно предложуваат работи кои мислат дека еве можеби ќе помине. Иако бугарските колеги се чукаат во гради со моќни изјави надвор, свесни дека тоа и не е баш така. Не случајно е избран Делчев бидејќи тој е најважниот лик за македонската историја. Има две препораки до двете влади, и се однесуваат на тоа зошто евентуално за Гоце Делчев би можело да се положи цвеќе заедно некаде, некогаш. Се злоупотребува прикаската за историјата, бришење и пишење учебници, но не, науката воопшто не подлежи на никаква цензура, критика, не смее ни да помисли некој. Ги следиме учебниците во рамки на комисијата, но тоа се елементарни познавања а не сериозна наука, вели Ѓорѓиев.

Тој смета дека стратешки се форсира ликот и делото на Делчев од страна на бугарските колеги историчари, но не директно преку идентитетот, туку поинаку.

Колегите од истокот мислат дека ако преку тоа што ќе инсистираат на заедничко чествување на одредени ликови и празници, во иднина ќе не „ослободат“ од некакви заблуди, и дека можеби некој ќе се осознае некогаш дека не е Македонец туку Б++++++++++++++++++++++++++++++угарин, додава Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.