Очекувам победа во околу 50 општини и мислам дека ќе имаме добар резултат и во помали општини, но и во поголемите центри, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Не само што ги губиме селата, туку и градовите поради егзодусот кој го направи Заев, онаа парола за живот во Македонија стана за живот во Канада, Америка, Шведска – рече Ѓорчев.

Вели дека во моментов на Македонија и се случува феномен, масовно иселување, но и ни ја снемува популацијата.

Во моментов се случува егоздус како никогаш до сега, минатата година имаме најмал број на родени или под 20 илјади новородени. Нема држава без народ, моѓе се да имаме но ако нема луѓе за кого е сето тоа. Зоран Заев донесе само пустош и иселување- посочи Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.