Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев одржа прес- конференција  посветена на демографските движења на податоците изнесени од заводот за статистика и она се што е поврзано со наталитетот и природниот прираст.

Според него Македонија се соочува со невидена досега демографска катастрофа. Пробиени се сите негативни рекорди. Во Македонија никогаш до сега не се раѓале помалку деца од Македонија никогаш повеќе не се иселувале луѓе. Македонија за жал со овој заевизам и со оваа влада на Заев станува празна земја и пуста земја. Тоа е жално и тажно. Одам со неколку бројки.

Заводот за статистика излезе со податоци за третиот квартал на 2019 година падот на новородени деца споредено со истиот период  2018 година е 7,4 проценти. Демографската рецесија само во третиот квартал е – 7,4 проценти. Во истиот период во 2018 година во Македонија биле родени 5 804 деца во 2019 година во истиот период во третиот квартал родени се 5 374 деца. Тоа не е мало намалување.   Големо намалување од 430 помалку родени бебиња само во третиот квартал. Значи уште еднаш тоа е пад од околу 7,4 %. Уште неколку податоци кој што зборуваат за размерите на демографската катастрофа со која што се соочува Македонија.

Во 2016–та година во време на Владата на ВМРО ДПМНЕ во првите три квартали од јануари до септември во Македонија беа родени 17.400 бебиња сега во 2019-та година со овој заевизам имаме пад од 17.400 родени бебиња внимавајте на 14.600 родени во првите три квартали.         Уште еднаш од 17.400 родени на 14.600 родени деца тоа е фрапантен и огромен пад од 2.800 помалку  деца.  Внимавајте тоа е колку 200 паралелки, 200 паралелки помалку. Тоа е жално и тажно.

Одам со уште неколку бројки, значи внимавајте ако ги видиме првите три квартали во 2016 година сооднос родени со умрени Македонија имала плус 2.406 повеќе родени одошто умрени. Сега во оваа 2019 година со нивната потрошена фраза “Дојде Живот„  немаме веќе плус туку напротив имаме минус  633 родени.

Конкретно значи  имаме во првите три квартали од 2019 година 14.622 родени лица, а умрени 15.255. Што е заклучокот почитувани присутни? Заклучокот е дека за жал во 2019 година прв пат од откако има статистика во Македонија, прв пат откако има бројки во Македонија, бројот на умрени е поголем од бројот на родени. Затоа што бројот на родените е во слободен пад.

Уште еднаш срушени се сите можни негативни рекорди. Ако ги погледнеме првите три квартали од 2016 и 2019 година, значи периодот од јануари до септември во 2016 година и периодот од јануари до септември во 2019 година доаѓаме до податокот дека падот на новородени деца во Македонија е фрапантни 16%, односно 2800 деца помалку родени. Тоа е буквално национална катастрофа, тоа е катастрофа за државата, катастрофа за образовниот систем, за економијата, за општините, едноставно катастрофа за државата. Уште еднаш, Македонија се иселува како никогаш досега, според сите бројки и статистики во Македонија никогаш помалку родени деца не се раѓале, бројките се повеќе од лоши, се затвораат училишта, помалку паралелки, стануваме за жал општество на старци.

Паролата за живот во Македонија на Зоран Заев се сведе на паролата за живот во Германија, во Канада и во Шведска. До таму сме доведени, таму се наоѓаме за жал. Бројките се жални и катастрофални. Бројките се навистина лоши и ова треба да ги загрижи сите во државата и оваа тема треба сериозно да се земе во предвид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.